Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.