За овој напиток се верува дека помага при 5 здравствени состојби
Куркумата е позната по своите антивоспалителни и антиканцерогени својства, а се смета дека водата со куркума може да реши бројни здравствени проблеми.
Доколку во неа додадете и малку лимон и мед, тоа ќе биде полн погодок за превенција и лекување.
Рецепт за вода со куркума:
Потребни состојки: половина лимон, половина лажичка куркума, 250 мл. топла вода, малку мед.
Подготовка: Исцедете го лимонот во чаша, додајте 250 мл. топла вода и куркума, па добро измешајте. Засладете со мед по ваш вкус и испијте.
Еве за што сè помага водата со куркума:
Го држи дијабетесот под контрола
Куркумата значајно ја намалува отпорноста на инсулин и спречува дијабетес тип 2. Сепак, пред употреба на куркума посоветувајте се со својот лекар бидејќи употребата на некои лекови во комбинација со овој зачин може да доведе до низок шеќер во крвта или хипогликемија.
Го ублажува артритисот
Поради своите силни антиоксидативни моќи, куркумата ефективно ги отстранува штетните слободни радикали кои ги оштетуваат клетките во телото. Редовната употреба на куркума при ревматоиден артритис овозможува значајно намалување на болките во зглобовите и смирување на воспалението.
Спречува болести на срцето
Бројни истражувања покажуваат дека куркуминот, состојка која се наоѓа во куркумата, спречува таложење на наслаги кои ги затнуваат артериите и предизвикуваат сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи мозочен и срцев удар.
Ги намалува воспаленијата
Хроничните воспаленија сериозно штетат на телесните ткива. Куркуминот има силно антивоспалително дејство кое некогаш е помоќно и од комерцијалните лекови против воспаленија.
Го намалува ризикот од појава на рак
Овој неверојатен зачин се смета за исклучително корисен при превенција од рак.