Во моментов се спроведуваат 72 активни испитувања за лекување на заразените со коронавирус во САД
Повеќе од 70 испитувања на различни третмани за лекување на заразените со коронавирусот се изведуваат во Соединетите држава, изјави во понеделникот претседателот Доналд Трамп.
„Во моментов се спроведуваат 72 активни испитувања, се проучуваат терапевтски методи и третмани, уште 211 се во фазата на планирање. Станува збор за третмани на лекување и за вакцини“, изјави Трамп.
„Лично, претпочитам методи на лекување, затоа што тие им помагаат налушето веднаш“, додаде американкиот претседател.
И покрај оптимистичките најави за скорешно наоѓање вакцина против коронавирусот, лекарите предупредуват дека таквиот процес ќе трае најмалку 12 до 18 месеци од почетокот на пандемијата.