Во Дебар уште една жртва од Ковид-19

Во Ковид центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат и заболени од општина Центар Жупа, како последица од опасниот вирус синоќа починала повозрасна пациентка, жителка на Дебар, што е шеста жртва овој месец.

-Се зголемува бројот на заразени, а со самото тоа и на оние на кои им е неопходен болнички третман. Моментно во Ковид-центарот во нашата установа хоспитализирани се 15 лица, сите на кислородна поддршка. Повеќето од нив се повозрасни, но имаме  четири млади пациенти. Она што е карактеристика за дури 90 отсто од нив е дека не се вакцинирани, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Додава дека поради влошена клиничка слика вчера попладне во здравствена установа во Скопје транспортирано е 26-годишно момче иселеник од САД, каде на лекување е и 28- годишно момче иселеник од Италија.  Двајцата не биле вакцинирани.

Во Ковид – центарот амбулантски се лекуваат над дваесет пациенти, а голем е бројот на оние кои доаѓаат на преглед со симптоми карактеристични за вирусот.

Се верува дека бројот на носители на опасниот вирус е многу поголем, што го потврдува податокот дека во аптеките најбарани се брзите тестови.

-Да. Брзите тестови се многу барани. Неколку денови имавме недостиг, зашто секоја нова пратка веднаш се распродава. Веќе набавуваме нови количини затоа што она што пред еден ден ја добивме веќе е при крај, потврдуваат во аптеките.

Официјалната статистка потврдува дека од почетокот на пандемијата до вчера на подрачјето на двете општини опасниот вирус е дијагностициран кај 1.092 лица, активни на болеста се 122 а бројот на починати е над 50 лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.