Уапсен и таткото на 14-годишниот напаѓач, го носел син му да вежба пукање во стрелиште
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ на Србија на прес-конференцијата за медиуми кажа дека полицијата го уапсила таткото на малолетниот К.К. кој уби 8 ученици и чувар во основно училиште во Белград.
Како што изјави Гашиќ, кај 14-годишникот се пронајдени два пиштоли за кои неговиот татко имал дозвола.
„Тој има повеќе видови оружје и тврди дека биле заклучени во сеф, но очигледно детето ја знаело шифрата. Покрај испуканите чаури пронајдени се и три полни рамки со по 15 куршуми. Според неофицијални информации малолетникот со неговиот татко одел на стрелиште и вежбал пукање“, додал Гашиќ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.