Туберкулозата стана најзаразната болест во светот, најмногу поради војните во Украина и Судан

Туберкулозата сега е најзаразната болест на планетата, надминувајќи ги Ковид-19 и СИДА-та, бидејќи секој ден одзема 4.000 животи, од кои 700 се детски животи, изјави претставник на Обединетите нации.

Највисоките органи на Светската организација и лидерите на здравствената индустрија се обидуваат да се справат со алармантниот скок на бројот на случаи на туберкулоза, поттикнат од големиот број случаи на болеста во воените зони како што се оние во Украина и Судан.

Според извршната директорка на организацијата Стоп за туберкулоза, Лусисе Дитију, пред пандемијата на Ковид-19 не е забележано драматично зголемување на случаите на туберкулоза.

„Но, по Ковид, го забележавме типот на туберкулоза што го гледаме во филмовите, каде што луѓето кашлаат крв, се многу слаби и така натаму“, рече таа.

Како и Ковид, туберкулозата се пренесува преку воздухот.

Дитију вели дека економските последици од Ковид и војните, пред сè во Украина, а сега и во Судан, имаат „огромно влијание“ врз напорите за лекување на луѓето кои се заразиле со туберкулоза и за дијагностицирањето нови случаи.

Украина има најголем број луѓе за кои се проценува дека имаат туберкулоза во Европа – 34.000, а исто така има и најголем број на пациенти кои се отпорни на лекови за туберкулоза, изјави неодамна Дитиу.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.