Цревната флора влијае на создавање сало на стомакот

Научниците неодамна открија дека цревната флора игра голема улога кога е во прашање губење на салото околу стомакот.

Во нашите црева живеат околу 100 милијарди бактерии, а скоро сите од нив се наоѓаат во дебелото црево. Обично се развиваат од раѓањето и се безопасни кога се во рамнотежа. Меѓутоа, доколку се случи дисбаланс во организмот можат да предизвикаат некои проблеми, како што е проблемот со прејадувањето.

Имено, пореметувањето во рамнотежата на цревната флора предизвикува неуредно варење на храната и слаб имунитет.

Зошто се неопходни бактериите за организмот?

Со оглед дека во нашиот организам има многу бактерии, тие значително придонесуваат на здравјето на човекот затоа што нивната главна функција е апсорбирање на сите хранливи состојки кои се наоѓаат во храната.

Меѓутоа, тука не завршува нивната работа. Тие поттикнуваат производство на витамини, како што се витамин Б, К и различни аминокиселини, а исто така му помагаат на телото да се бори против други опасни бактерии.

Иако нивната главна работа е да го чуваат здравјето на луѓето, бактериите можат да влијаат на нашиот обем на половината.

Цревната флора учествува во процесот на складирање на масти во телото. Затоа, диетите коишто имаат висок удел на маснотии можат да бидат штетни по нашето здравје.

Како да спречите дисбаланс на бактериите и прејадување?

Лекарите препорачуваат да ставите фокус на здравата исхрана.

Обидете се да го намалите внесот на шеќери и масти, избегнувајте преработена храна затоа што таа предизвикува зголемување на штетни бактерии.

Пијте многу вода за да го сочувате телото од штетните материи.

Јадете храна во помали порции, но неколку пати на ден.

Консумирајте пробиотици како што се јогурт, кефир, кисела зелка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.