Топлата вода предизвикува иритација на кожата

Секој има своја идеална температура на вода кога се капе, некој сака потопла некои пак млака.

Но, за да го зачувате здравјето на својата кожа, мораме да внимаваме на температурата на водата. Според стручњаците, идеалната температура на водата за капење треба да е блиску до вашата нормална телесна температура, односно меѓу 36-38 степени.

Секако, оваа температура ни се чини ниска, па оптималната би била 39 степени. Се што е повеќе од тоа, предизвикува иритација на кожата и прави да изгледа уморно и безживотно.

За бебињата исто така идеалната температура на водата е околу 36 степени а температурата во собата треба да е околу 24-25 степени.

Исто така, наместо да користите пенливи купки, подобро е да ги употребувате маслените. Најдобро е да не триете премногу со ексфолирачки сунѓер, за да не го нарушите природното намастување на кожата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.