Таравари именуваше нови четворица директори на здравствени установи

Министерот за здравство Арбен Таравари именуваше нови в.д. медицински директори во четири јавни здравствени установи, информираат попладнево од надлежното Министерство.

– На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се именува професор доктор Марија Срцева. Во Специјализираната болница за нефрологија – Струга се именува доктор Берат Лена. На Универзитетскиот стоматолошки клининички центар „Свети Пантелејмон“ се именува професор доктор Цветанка Бајрактарова. На Универзитетскиот институт за клиничка биохемија се именува доктор Николина Гроздановска, наведуваат од Министерството за здравство во соопштението до медиуми.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.