Талогот од кафе може да го искористите за маска за лицето, за пилинг…
Следниот пат кога ќе пиете кафе не го фрлајте талогот, наместо да се фрли може да има повеќе намени и да се искористи.
Во комбинација со пире од свежо авокадо е одлична маска за лице.
Ако сакате да се ослободите од мирисот на кромид или лук на рацете, истријте ги со талогот од кафе.
Со талогот од вашиот омилен напиток можете да си приготвите прекрасен анти-целулитен пилинг. За таа цел треба само да го измешате со малку цимет, шеќер или мед.
Талогот од кафе ги отстранува и маснотиите и нечистотиите од чиниите и тенџерињата.
Талогот со вода и земја може да се стави во саксии за потхранување на цвеќињата.
Мирисот на талог од кафе ги брка инсектите.
Талогот може и да го замрзнете во фрижидер и секогаш кога ви треба да ви е при рака.