СЗО: Европа е единствениот регион во светот каде расте бројот на заразени од коронавирус

Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на Обединетите нации наведува дека бројот на нови случаи се зголемил за шест проценти во Европа, во споредба со „скокот“ од 18 проценти регистриран минатата недела, додека „неделните нови инфекции во другите региони паднаа или останаа приближно исти“.

Стапката на инфекција со коронавирус беше највисока во Европа, која пријави 192 нови случаи на 100.000 луѓе, а потоа следат Северна и Јужна Америка, кои имаат 72 нови случаи на 100.000 луѓе.

Додека Чешката Република, Полска и другите земји во Централна и Источна Европа го пријавија најновиот скок на инфекција, континуираниот пораст на потврдени случаи низ Европа во голема мера се должи на порастот на инфекции во Велика Британија, Русија, Турција и Романија.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска  предупреди на опасноста од големи последици од четвртиот бран на пандемијата на коронавирус, велејќи дека е далеку од завршена и дека треба да се преземат неопходните мерки.

„Ако не преземеме соодветни мерки сега, четвртиот бран ќе предизвика многу проблеми. Пандемијата е се само не завршена“, рече Шпан на заедничката прес-конференција со Лотар Вилер, директор на Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

Тој побара строго почитување на мерките во борбата против пандемијата, како што е ограничување на влезот во ресторани или јавни институции за невакцинираните и носење заштитни маски, како и построго прибегнување кон казнени мерки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.