СЗО: Дали вакцината Бе-Се-Же ги штити луѓето од инфекција со коронавирус?
Во соопштението на Светската здравствена организација (СЗО) се вели дека нема докази за вакцината Бе-Се-Же дека ги штити луѓето од инфекција со коронавиру.
Во тек се две клинички испитувања за да се реши овој проблем и СЗО ќе ги оцени доказите кога ќе станат достапни.
Во отсуство на докази, СЗО не препорачува вакцинација со Бе-Се-Же во смисла на превенција од КОВИД-19.
Светската здравствена организација продолжува да препорачува неонатална вакцинација против Бе-Се-Же во земји или средини со голема зачестеност на туберкулоза, се вели во соопштението.
Постојат експериментални докази од студии на животни и луѓе дека вакцината Бе-Се-Же има неспецифични ефекти врз имунолошкиот систем.
Овие ефекти не се добро карактеризирани и нивната клиничка релевантност е непозната, наведуваат од СЗО во изјавата објавена на својата веб-страница.