Светската здравствена организација: Прва вакцина за Коронавирус можна за 18 месеци
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Габриезус изјави дека првата вакцина против Коронавирусот би можела да биде достапна за 18 месеци.
Шефот на СЗО вели дека новиот вирус е именуван како Ковид-19 напоменувајќи дека е важно да се избегнат предрасудите, и дека другите имиња може да бидат неточни. Името, всушност е акроним од зборовите Коронавирус зараза, а 19 е 2019, годината кога овој вирус се појави во Кина. Според последните податоци, во Кина се потврдени над 42 илјади случаи на заразени и преку 1000 починати од вирусот.