Стафилокока е причина за труењето на работниците во Леар – ја имало во макароните и кај вработени во кујната

Неофицијално, причина за труењето на повеќе од 200 работници од факбриката Леар е бактеријата стафилокока. Според нашите информации, таа била откриена кај еден од вработените од кујната во приватната фирма која била задолжена за подготовка на оброци те за вработените, која подоцна се проширила на работните површини како и во макароните. Извештаите од инспекцискиот надзор се кај надлежен обвинител кој понатаму треба да одлучи какви мерки ќе бидат преземени.

Како што веќе е познато, кујната од приватната фирма времено е затворена и на сопственикот му е наложено да направи целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација како и темелно чистење на објектот.

Во петокот во тетовската болница биле згрижени 183 работници и дваесетина во болницата во Гостивар. По добивање на соодветната медицинска терапија, сите биле пуштени на домашно лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.