Српска професорка по исхрана тврди дека никогаш во животот не би ги јадела овие 2 намирници
Многу намирници се наоѓаат на списокот на непожелна храна. Со години се вели дека се нездрави, но и покрај нивната лоша репутација – многу луѓе сè уште ги консумираат.
Меѓутоа, трендовите во здравата исхрана се во пораст, а експертката за исхрана, Светлана Станишиќ открила што е она што никогаш не би го јадела и зошто.
„На мојата црна листа се чипсот и помфритот. Затоа што се прават во фритеза во која маслото никогаш не се менува. Значи, еднаш месечно во тие продавници за брза храна, т.е. индустријата за брза храна, го чистат ѓубрето и остатоците од храна, но не и маслото – само додаваат ново, а тоа што повеќе се загрева и лади, има и повеќе штетни, токсични материи, во смисла на канцероген акриламид, но и други материи кои влијаат на порастот на лошиот холестерол во организмот“, изјавила Станишиќ, инаку професорка по исхрана и докторка за науки по физичка хемија“, во поткастот „Zdrav životni vodič sa Danijelom Davidov Kesar“, на магазинот „Политика“.
„Значи, штетни се за срцето, крвните садови и го зголемуваат ризикот од рак“, заклучила д-р Светлана Станишиќ.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.