Совршена маска за лице од само една состојка
Омиленото овошје на кралицата Клеопатра – смоквата, во денешно време е постојано користена состојка во козметичката индустрија, бидејќи е богата со витамини Ц и Б, како и многу минерали. Содржи супстанции кои помагаат да се исчистат и отстранат мртвите клетки на кожата.
Потребно ви е само едно овошје за да направите маска за домашна работа.
Исечете ја зрелата смоква на половина и извадете ја нејзината внатрешност, ставете ја во сад во кој ќе можете потоа со вилушка убаво да ја изгмечите додека не се добие мазна смеса. Маската е подготвена за употреба.
Нанесете на претходно добро исчистено лице и оставете ја да делува пет минути. Исплакнете го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода. Незаборавајте на крајот да нанесете хидратантна крема на лицето. Правете го овој третманот двапати неделно и ќе бидете изненадени од резултатите.