Состојба која докторите ја нарекуваат тивок убиец – препознајте ги веднаш раните симптоми кои не треба да ги игнорирате
Високиот холестерол, којшто исто така е познат и како хиперхолестеролемија, е состојба која се нарекува тивок убиец.
Холестеролот може да се наталожи во артериите, што доведува до нивно затнување и спречува проток на крв. Тоа е главниот ризик за развој на кардиоваскуларни болести кои се водечка причина за смрт ширум светот, а предизвикуваат речиси 18 милиони смртни случаи годишно.
Можеби најмногу загрижува фактот што високото ниво на холестерол често е состојба без симптоми, што значи дека останува недијагностицирана.
Со други зборови, зголеменото ниво на холестерол може да се воочи само преку крвна анализа, но постојат и некои симптоми кои би можеле да се воочат доколку се развие состојба која се нарекува периферна артериска болест.
Станува збор за состојба во која таложењето на масните наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете.
Како последица на тоа може да се појави силна болка во нозете, трнење или слабост, губење на влакната, отворени рани на нозете кои не зараснуваат, промена на бојата на кожата на нозете, ослабнување на мускулите.
„Симптомите на оваа состојба се развиваат бавно во текот на времето. Доколку се развиваат брзо или се влошуваат, тоа би можело да биде знак на сериозен проблем којшто бара итно лекување“, појасниле од Националната здравствена служба на Велика Британија.
Од овие знаци, најчеста е болката при одење. Таа може да варира од блага до силна и вообичаено настанува после неколку минути одмор.
Често се појавува и на двете нозе во исто време, а останатите симптоми можат да вклучуваат сјајна кожа и еректилна дисфункција.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.