Дали ви се случило постојано да се изгладнувате за да ослабете неокој килограм а тоа секој пат да е без резултати.
Доктор Мајкл Мозли открива план за исхрана со кој ќе изгубите од 5 до 10 килограми за три недели. Освен што брзо ќе губите килограми, никогаш нема да чувствувате глад.
Диетата наречена Fast 800 станала вистински хит. За време на ваквиот начин на исхрана треба секој ден да внесувате 800 калории, но многу е важно да внимавате на намирниците.
Вода
Дали сте знаеле дека многу од нас се во постојана состојба на дехидратација, без да се свесни за ризикот што произлегува од тоа? Доколку не внесувате доволно вода во организмот, ќе станете побавни, летаргични и почесто ќе ви се јавува чувство на глад. Внесувањето доволно течности ќе ви помогне подолго да го задржите чувството на ситост.
Масти
Досега ни говореле дека доколку сакаме да ослабиме, треба да се држиме подалеку од мастите, а како одговор прехранбената индустрија ни нуди најразлични диетални намирници. Меѓутоа, стапката на дебели луѓе и понатаму расте. Факт е дека добрите масти не и’ се непријател на диетата. Богатите моно-масти го намалуваат апетитот, забавувајќи ја брзината со која се празни желудникот. За подолго да се чувствувате сити, одбирајте маслиново масло, јаткасти плодови, масна риба и млечни производи во умерени количини.
Влакна
Цревата ќе ви работат како часовник ако внесувате доволна количина на влакна. Освен што ја одржуваат работата на цревата, позитивно влијаат и на расположението. Покрај тоа, влакната ослободуваат хемикалија што се вика „PII“ и која го намалува апетитот. За да не ве совлада глад, оброците треба да ви изобилуваат со зеленчук, житарки од цело зрно и мешунки.