Слободен печат: 11-годишното дете со церебрална парализа, не било искапено една година!

Директорката на Центарот за социјални работи Охрид, Ајтен Мусли, тврди дека малечкиот Илче, единаесетгодишното дете кое синоќа на Детска Клиника по ургенции на министерот за здравство Венко Филипче беше хоспитализирано, не било искапено една година. На прашањето на ,,Слободен печат” дали смета дека институцијата што ја раководи успешно се справи со случајот на 11 годишното момче со церебрална парализа, напуштено од двајцата родители, незгрижено од никого, Мусли одговори негативно.

– Не се справивме успешно. Категорично не. А причината е во тоа што немаме домови. Сите врати на сите домови ни беа затворени. На родителите треба да им се одземе родителското право и за нив да следуваат кривични пријави. Колегите што вчера беа да го видат откако случајот излезе во јавноста, ми кажаа дека детето не било искапено една година. Нас ни пријавија дека мајката го напуштила Илче, а исто и таткото. Веднаш пријавивме во полиција и полицијата ја нашла во струшко село мајката и таа е вратена дома. Станува збор за лице со психички нарушувања. Во меѓувреме баравме домови да го сместиме Илче, но сите врати ни беа затворени, верувајте. Барав во кабинетот да приитснат, зашто мојот глас никако не врвеше. Како може така да се остави дете со церебрална парализа им велев. Во меѓувреме им однесовме еднократна помош, дезинфекциски средства, пелени, но треба соодветно медицинско лице да се грижи во ваков случај. Јас лично се јавував во болници, за да го примат, но не сакаа, заради ковидот. Детето не било искапено една година, ниту мајката ниту никој дома не го сторил тоа и тоа го констатираа социјалните работници кои вчера попладнето отидоа во домот каде што живеат, изјави Мусли за ,,Слободен печат”.

Случајот на Илче го привлече вниманието на властите откако беше објавен во ,,Слободен печат” и на социјалните мрежи, во огласници за ,,купи продај” каде човекот што го чуваше, тврдеше дека не знае каква терапија прима, дека нема никаква терапија за малолетникот и дека со денови детето пие само една чаша млеко дневно.

По ова, Министерството за труд и социјална политика, вети згрижување на детето во Демир Капија, но откако ќе биде опоравен и медицински згрижен на Клиниката за детски болести во Скопје.

Со возило на итната медицинска помош, од Охрид за Скопје синоќа Илче беше префрлен на Детската Клиника, а таму медицинска екипа му подготви соба во одделот за изолација, каде ќе биде сместен се додека не бидат готови резултатите од тестот за Ковид 19.

Текстот продолжува на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.