Шветската диета е во моментов најпопуларна диета
После кето диетата и интервалниот пост, изгледа дека 2020 година ќе ја одбележи Шведската диета.
Шведската диета подразбира три групи на намирници, оние кои не смееме да ги консумираме, оние кои смееме да ги консумираме и оние кои повремено може да ги вклучиме на нашето дневно мени. Станува збор за диета која се базира на голема количина на зеленчук и многу низок внес на јаглени хидрати, поради што се забрзува метаболизмот.
Ако се одлучите за оваа диета, смеете да јадете само зеленчук кој расте над земјата: спанаќ, авокадо, краставица, домат и пиперки. Дозволени се сите видови на месо и риба. Исто така можете да јадете јаткасти плодови, јајца, како и млечни производи со низок удел на млечна маст.
Што се однесува за пијалоците, можете да пиете вода, незасладена лимонада, кафе и чај.
Повремено е дозволено да вклучите и зеленчук кој расте под земја како компири и моркови, додека овошје можете да јадете само еднаш дневно, и тоа само со низок процент на шеќер како јагоди, боровинки и малини. Ако посакате благо, понекогаш можете да си дозволите ред црно чоколадо со минимум 70 проценти какао.
Апсолутно се забранети маргарини, рафинирани масла, засладувачи, житарки, овошни сокови, алкохол, тесто, слатки и скробен зеленчук.
Здравите масти кои можеме да ги најдеме во лососот или авокадото, се клучни за оваа диета, како и многуте витамини и минерали кои можеме да ги најдеме во зеленчукот.
Оваа диета се практикува две до три недели за првите резултати, а ако чувствувате дека ова мени ви одговара, можете да го претворите во свој режим на исхрана на кој ќе се придржувате долгорочно.