Се зголеми бројот на починати од коронавирусот во Кина на 170, над 7.700 заразени
Досега се регистрирани 7,736 лица заразени од Корона вирусот, а за 12,167 лица постои сомнение дека се заразени од смртоносниот вирус, соопштија кинеските власти. Од тие, дури 1,239 лица се наоѓаат во критична состојба.
Од 170-те досегашни смртни случаеви, 162 се забележани во епицентарот на епидемијата, централната кинеска провинција Хубеи.
Вирусот, кој во меѓувреме ја зафати целата земја се прошири и низ светот, па така околу 70 случаеви на лица заразени од Корона вирусот се регистрирани во 20 земји, меѓу кои Јапонија, Германија, Франција, Тајван и Виетнам.
Инаку, во текот на ноќта порасна бројот на авиокомпании кои ги откажаа некои или сите летови за Кина. Меѓу нив се гиганти како Lufthansa, KLM, Finnair, American Airlines и IndiGo.
Француските власти во меѓувреме го потврдија петтиот случај на зараза со Корона вирусот од Кина. Станува збор за ќерка на 80-годишно лице кое веќе било хоспитализирано со истата дијагноза.
Од официјален Париз потврдија дека од Франција во Кина летаат два авиони – после првиот во средата, вториот ќе полета денес или најдоцна утре. Авионите се наменети за евакуација на француските државјани од кинескиот град Вухан кој е епицентарот на епидемијата.
Од Светската здравствена организација ќе се состанат повторно во текот на денешниот ден за да одлучат за тоа дали брзото ширење на заразата ќе се проглси за опасност од меѓународна важност.
Директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсиси изјави дека организацијата длабоко жали што ризикот на ширење на вирусот во некои од минатонеделните извештаи го оценила како „умерен“, наместо „висок“.