Се одбележува светскиот Ден за подигнување на свеста за менталното здравје
Да не дозволиме да прегориме, да не дозволиме во текот на работниот процес да ни се истрошат сите телесни и ментални снаги и да добиеме одредени потешкотии кои потоа ќе се одразат не само на нашата лична благостсојба туку и на работниот процес и на општеството во целина, изјави денеска проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиниката за психијатрија на одбележувањето на 10 Октомври – Светски ден на менталното здравје, чија тема годинава е „Менталното здравје на работното место“.
Д-р Арсова вели дека менталното здравје не е луксуз, туку е потреба и право на секоја индивидуа, колку треба да биде телесно, толку и ментално здрав.
Ментално здравје значи не само отсуство на некоја болест, туку да се чувствуваш радосен, среќен. Годинава целта е да се подигне свеста за менталното здравје поврзано со работата, бидејќи најголем дел од времето во текот на работната недела го поминуваме токму на работното место.
Работата му дава смисла на човекот и треба да биде поттик и извор за секоја индивидуа да биде поефикасна, не само на работното место, туку и надвор од работата да се чувстуваме исполнето, среќно, весело во кругот на семејството и поширкото опкружување, изјави д-р Арсова.
Според докторката, за жал не е секогаш така, постои синдром на прегорување, токму тоа сакаме денес да кажеме, да не дозволиме да прегориме, да не дозволиме во текот на работниот процес да ни се истрошат сите телесни и ментални снаги, и да добиеме одредени потешкотии кои потоа ќе се одразат не само на нашата лична благостсојба туку и на работниот процес и на општеството во целина.
На работниот процес треба меѓучовечките односи да се добри, да се работи тимски, еден колега на друг да му помага , со цел, за каков и да било работен процес, да имаме подобра ефикасност. Имаме зголемен број на пациенти изминативе години, но тоа не значи дека се повеќе болни, туку дека се повеќе информирани, дека е подигната јавната свест, изјави д-р Арсова.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.