Природен рецепт – Маска од морков за спас од брчки и поубаво лице

Легендата вели дека рецепти за маски за лице од морков се пронајдени во Тутанкамоновата гробница, а познато е дека Египќаните сокот од лимон го користеле за балсамирање.

Едноставен и евтин рецепт

Сварете два до три големи моркови, згмечете ги и измешајте со 3 – 4 големи лажици мед. Нанесете на лицето и оставате да делува околу десетина минути, по што треба да ја измиете смесата од лицето со студена вода. Се користи еднаш неделно, а ефектите се видливи по првото користење.

Маска од морков за намалување на лузни од акни

Морковите се одлични за намалување на лузните од акни и отстранување на црвенилото на кожата бидејќи се богати со витамин А. Земете еден голем морков и сомелете го во бендер за да добиете хомогена смеса. Ако смесата е ретка можете да додадете малку брашно за да ја добиете саканата густина. Нанесете ја маската на лицето, посебно на инфицираните делови, оставете ја да делува околу десет минути и измијте ја со млака вода.

За маска против брчки, потребен ви е сок од моркови, жолчка од јајце и неколку капки маслиново масло. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на вашето лице и врат. По час и половина, исплакнете го лицето со млака вода.

За освежувањена тенот

Измешајте еден изрендан морков и јаболко. Смесата нанесете ја на лицето и држете ја околу 20 минути. Оваа маска ќе ви ги отстрани заморот и акните од лицето, а можете да ја применувате секој втор ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.