Пријавени нови 163 случаи на грип и слични заболувања

Во текот на 13.недела од 2024 година – од 25 до 31 март, во државава се пријавени 163 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот, што претставува 38,5 проценти помалку во споредба со претходната недела, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Кога станува збор за возрасната дистрибуција, 111 лица се на возраст од 15 до 64 години, 31 дете на возраст од пет до 14 години, 12 луѓе на возраст над 65 години и девет регистрирани деца на возраст до четири години.

– Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

Заболените се пријавени од 17 ЦЈЗ – ПЕ, во Гостивар – 35, Неготино – 25, во Скопје и во Битола – по 22, а во останатите, бројот на пријавени е еднаков или помал од дваесет.

Во 15 извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во Гостивар – сезонска, а во Неготино – средна активност на вирусот на грип, наведуваат од ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот изнесува 14.

490, што во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 41,8 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 30,6 отсто.

– Регистрирани се 14 починати лица асоцирани со грип во досегашниот тек на сезоната на грипот.

Седуммина од Скопје, две лица од Штип и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар и од Демир Хисар.

Седум од возрасната група лица од 15 до 64 години и седум од возрасната група лица над 65 години, сите хоспитализирани, 12 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип, појаснуваат од Институтот.

Заклучно со 13. недела од 2024 година во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61. 823 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.