Превенцијата е чекор кон победа на ракот на дојката

Октомври е месец посветен на ракот на дојката. Во текот на овој месец, во многу земји во светот, се организираат бројни активности со цел да се подобри информираноста на широката јавност за ова често малигно заболување.Всушност, навремената превенција е единствениот и најефикасниот начин за успешно надминување на оваа болест! Бидејќи медицината е секогаш во потрага по лек за рак на дојка, така се повеќе се откриваат револуционерни откритија поврзани со оваа малигна болест, и се помалку жени се изложени на ризик од живот.

Сепак, ракот на дојка е сè уште првиот на списокот на заболувања кои го загрозуваат здравјето и животот на жените, при што бројот се зголемува на околу еден милион жени годишно.

Единствениот начин успешно да се победи ракот на дојка е да се открие навремено, ако се препознае во почетната фаза, целосното закрепнување е скоро сигурно. За да се дијагностицираат промените во градите, во форма на грутки, потребно е да се вршат редовни само-прегледи.

Самопрегледувањето најдобро е да се прави еднаш месечно, една недела по завршувањето на циклусот, кога градите се најмалку чувствителни и најмалку болни. Доколку забележите промена, консултирајте се со доктор кој ќе ве упати на ехо преглед ако сте под 40-годишна возраст, или мамограм, кој се прави во првата фаза на менструалниот циклус, доколку имате над 40 години.

Доколку откритието на мамограмот покаже некоја промена, следниот чекор е биопсија, анализа на ткиво, за време на која се утврдува дали станува збор за малигна промена.

Ризик фактори

Вистинската причина за болеста е непозната, но многу фактори можат да го поттикнат развојот на болеста.

Дебелината значително го зголемува ризикот од заболувања, особено кај луѓе над 50 години.

Пушењето

Прекумерно козумирање на алкохол.

Ако имате во семејството некој веќе заболен од оваа болест.

Рана прва менструација.

Хормонски терапии.

Добрата вест е што истражувањата покажуваат дека околу 80% од жените кои имаат повеќе фактори на ризик немаат карцином. Без оглед на овие информации, препорачливо е да се минимизираат ризиците.

Недостаток на време, стрес и бројни обврски не се доволен изговор за да не се грижите за себе. Мора да издвоиме 5 минути да се провериме еднаш месечно и да направиме ехо на градите еднаш годишно. Единствената личност одговорна за нашето здравје сме ние самите. Грижите за вашето здравје и вашиот живот!

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.