Прескокнувањето на оброците делува штетно врз организмот

Група шпански и француски истражувачи забележале дека оние кои појадуваат пред 8 часот, како и луѓето кои вечераат пред 22 часот, го намалуваат ризикот за развој на дијабетес тип 2 за 59%.

Ова истражување, објавено во „International Journal of Epidemiologists“, се спротивставува на една неодамнешна студија која укажуваше дека диетите во кои се пресконуваат оброци, особено диети во кои се прескокнува појадокот, го намалуваат ризикот од развој на неколку хронични болести, вклучително и дијабетесот, пишува Дејли Меил.

Ова истражување исто така е поврзано со одржување на пониско ниво на шеќер во крвта, што помага во согорувањето на мастите и го намалува ризикот од болести.

– Знаеме дека времето на оброците игра клучна улога во регулирање на биолошкиот ритам и контролата на гликозата и липидите, но многу малку студии ја истражувале врската помеѓу времето на оброкот или постот и заболувањето дијабетес тип 2 – вели д-р Ана Паломар-Крос, коавтор на студијата.

Тимот на истражувачи во овој процес вклучил преку 100.000 возрасни лица во овој процес, од кои 79 % жени. Не е јасно дали тие ги поседувале основните ризик фактори за дијабетес, како што се возраста и телесната тежина, но врз испитаниците била спроведувана онлајн анкета за тоа што јаделе и пиеле во текот на 24 часа во време од три неповрзани дена, како и времето кога јаделе.

Потоа, научниците направиле пресек на истражувањето за првите две години и го следеле здравјето на учесниците во следните 7 години. Во текот на студијата, регистрирани се околу 1.000 нови случаи на дијабетес тип 2. Откриено е дека ризикот за ова заболување бил зголемен за 59 % кај оние што појадувале после 9 часот, во споредба со оние кои појадувале пред 8 ч. Ова е доказ дека популарните диети, кои вклучуваат прескокнување на оброците, најчесто појадокот, може да бидат штетни за здравјето.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба во која телото не произведува доволно инсулин или е отпорно на инсулин, хормон што го регулира нивото на шеќер во крвта. Додека се верува дека дијабетес тип 1 го предизвува автоимуна реакција и се развива порано во животот, дијабетес тип 2 се развива во период од неколку години под влијание на изменетите животни навики, промени во исхраната и телесната тежина.

Ова истражување директно се спротивставува на неодамнешните студии кои покажаа дека прескокнувањето на оброците може да ја намали веројатноста за развој на дијабетес.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.