Овој знак за предупредување може да се појави и една седмица пред мозочен удар

Иако мозочниот удар може да се случи „ненадејно“, првите знаци понекогаш се појавуваат со денови претходно.

Студијата објавена во магазинот „Американска академија за неврологија“, сугерира дека 43 отсто од пациентите со мозочни удари искусиле симптоми на мозочен мини-удар една седмица претходно.

Мозочен мини-удар или исхемиски напад предизвикан е од нарушување на доводот на крв во мозокот, баш како и реалниот мозочен удар, единствената разлика е тоа што мозочниот мини-удар е привремен.

Набљудувајќи 2.416 луѓе, истражувачите откриле дека 549 пациенти имале помалку мозочни удари пред итната помош. Еден од најчестите знаци којшто може да предупреди на претстоен мозочен удар е ненадејна главоболка.

„Главоболката поврзана со мозочен удар се разликува од стандардната главоболка затоа што се јавува одненадеж. Болката е моќна и може да се наоѓа во било кој дел од мозокот. Понекогаш главоболката е проследена со мачнини, вртоглавица, искривен вид и дезориентација, па може да се погреши. Меѓутоа, клучната разлика меѓу овие две состојби е во тоа што главоболката која е поврзана со мозочен удар доведува до губење на чувството, додека мигрената доведува до зголемени сензации“, објаснил д-р Питер Бајром за „Express“.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.