Овој зачин ќе ве преполови: Додадете го во секое јадење и гледајте како килограмите исчезнуваат!
Куминот е јак и необичен зачин чие семе изгледа потполно исто како и семето на кимот, но ако го помирисате, ќе сфатите дека станува збор за два потполно различни зачини.
Куминот има јак и необичен мирис, кој се губи кога ќе се измеша со храна. Иако мирисот е интензивен, вкусот е многу благ.
Одличен е за регулирање на работата на дигестивниот тракт, за регулирање на работата на метаболизмот и за согорување масни наслаги.
Куминот и здравјето се поврзани на многу начини. Меѓу другото, тој лекува надуеност, го исфрла вишокот вода и токсините од организмот, ја намалува мачнината, а покажано е дека одличен е за лекување дијабетес и за спречување рак на дебело црево.
Куминот содржи антиоксиданси, витамини А и Ц, но и есенцијални масла. Неговата моќ, кога станува збор за слабеењето, е докажано од страна на разни истражувања.
Во Техеранскиот институт за медицински науки научниците собрале 2 фокус групи, а секоја од нив се состоела од 44 жени со вишок килограми.
Во период од три месеца, и двете групи се хранеле по иста шема (1.200 калории дневно) со таа разлика што првата група во секојдневното мени вклучила и 1 кафена лажица кумин (индиски ким). Овој зачин го додавале во немасен јогурт или во салати.
Резултатот бил импресивен: жените од првата група изгубиле во просек 14% од телесните масти повеќе од жените од другата група. Таквиот ефект се објаснува со тоа што куминот содржи фитостероли, кои можат да ги намалат нивоата на холестерол во крвта.
Како се консумира:
За подобрување на метаболизмот, треба да се внесува 1 кафена лажица кумин дневно. Додајте го овој зачин во јадења од јајца, месо, сирење, но и во јогурт и салати.