Овој спорт ќе ви помогне да останете подолго млади

Една научна студија покажала дека трчањето 30 до 40 минути, 5 дена во неделата, може да го забави стареењето на клетките на телото и,според тоа и стареењето на целиот организам. Поточно, резултатите од 5.823 субјекти покажале дека биолошката старост на луѓето кои се физички многу активни 9 години е помала од онаа на луѓе кои предежно се занимаваат со седентарни активности. Тие исто така се 7 години помлади (кога станува збор за биолошка возраст) од оние кои се умерено физички активни.

Научниците проценија дека триесет минути трчање 5 пати неделно може да се сметаат за високо ниво на физичка активност кај жените, додека мажите, за да го забават стареењето на телото, треба да трчаат 40 минути на ден, 5 пати неделно. Ова не е прва студија што укажува на корисните здравствени ефекти од трчањето. Претходните студии покажаа дека трчањето помага да се спречи остеопорозата, како и да се ублажат симптомите и зачестеноста на нападите на мигрена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.