Овие проблеми кои се јавуваат поради лоша исхрана
Доколку почесто се случува да се разбудите без енергија и со чувство на надуеност, можно е причината за тој проблем да лежи во тоа што го јадете. Особено сега, кога многумина работат од дома, небалансираната исхрана остава траги во организмот кои често се игнорираат, а не треба.
Постојат неколку сигнали кои укажуваат дека телото ви испраќа порака – време е за промени во исхраната:
Постојано чувство на надуеност
По обилен оброк често се случува да се чувствуваме надуени. Тоа е природен процес на варење тешка храна во желудникот, па не го сметаме за нешто што е загрижувачки. Но, колку често се случува да сте надуени?
Ако по секој оброк ве следи ова чувство, тоа е јасна порака дека моменталниот начин на исхрана не ви одговара, само го оптоварувате желудникот и дигестивниот систем.
Запек
Запекот е најчест и најраспространет симптом на лоша исхрана, знак дека треба да направите промени. Ако овој симптом постојано ви се јавува по враќање на старите навики, ви испраќа порака дека не внесувате доволно растителни влакна во организмот. Јадете повеќе зеленчук, овошје, мешунки и житарки.
Лошо расположение
Причина за лошо расположение може да биде и исхраната. Намаленото ниво на шеќер во крвта или намаленото внесување јаглехидрати може негативно да влијае на расположението.
Постојано чувство на глад
Постојаното чувство на глад може да престане ако внесувате доволно хранливи состојки во организмот. Овој симптом може да се појави кога сте на диета, затоа не се изгладнувајте туку балансирајте што јадете.
Недостиг на енергија
На организмот му се потребни јаглехидрати, масти, протеини и витамини, а тоа го има во балансирана исхрана. Недостигот на еден од наведените нутриенти може да доведе до чувство на недостиг на животна енергија.
Во тој случај се препорачува внесување намирници кои содржат железо, на расположението може да влијае и недостигот на витамини и омега-3 масни киселини.
Сува кожа
Кожата како наш најголем орган, прво ќе покаже што му фали на организмот. Сувата кожа може да биде генетска работа или предизвикана од временски услови, но ако е нешто што се случува постојано, тогаш причината може да биде и во начинот на исхрана.
Освен сувата кожа може да се појават и акни што главно ги предизвикува недостигот на витамин А. Овој витамин е заслужен за здрава и убава кожа, па освен акни и мозолчиња може да предизвика и кршливи нокти.