Овие 4 намирници може да се причинителите на мигрена
Иако точната причина за појава на мигрена сè уште е непозната, експертите се согласуваат дека тешките главоболки можат да бидат предизвикани од лековите кои ги земате, наглите промени во ендокриниот систем, недостаток на сон…
Еден од причинителите за мигрена е и храната, и тоа не само она што го јадете, туку и кога го јадете.
„Иако само храната ретко е причина за ваквите главоболки, таа би можела да биде вклучена како „поттикнувач“ на мигрена. Постојат различни докази дека одредена храна ја активира појавата на мигрена, но може да постои и широк спектар на индивидуални одговори“, вели професорката по неврологија, д-р Ноа Роузен.
Она што предизвикува болка кај вас, може да биде многу поинакво од она што, да кажеме, предизвикува мигрена кај вашата мајка или татко.
„Мигренскиот мозок воопшто не сака промени, а избегнувањето или недостатокот на оброци може да биде подеднакво важно како и тоа што јадете“, додава д-р Роузен.
Видовите намирници кои се причинители за мигрена е тешко да се утврдат, но ова се неколку вообичаени:
Месни производи
Се верува дека нитритите или нитратите од саламата и другите месни преработки можат да доведат до мигрена. Д-р Роузен нагласува дека оваа храна е многу солена, што може да предизвика дехидрација на организмот.
Старо сирење
Старото сирење може да биде причинител за мигрена поради високата содржина на тирамин. Тираминот е производ на аминокиселината тирозин и обично се формира во храна која е расипана, кисела, стара, чадена, ферментирана или маринирана.
Цитруси
Киселото овошје содржи голема количина на киселина која влијае на pH нивото во крвта и ги зголемува шансите за напад на мигрена.
„Заедно со другите намирници со висок процент на киселина, цитрусите можат да го иритираат желудникот и да предизвикаат мигрена“, вели д-р Роузен.
Чоколадо
Чоколадото технички не може да биде причинител, но консумирањето може да укаже на појава на мигрена.
„Може да се случи вашето тело да копнее за чоколадо пред мигрената, бидејќи кофеинот и антиоксидантите во чоколадото можат да излечат некои од симптомите на мигрена“, вели д-р Бурк, додавајќи дека „виновник“ е обично црното чоколадо.