Ова масло е моќен природен антибиотик
Маслото од диво оригано е едно од најбараните природни лекови за различни здравствени тегоби. Неговите лековити својства се познати уште од времето на античките Грци, а таткото на медицината Хипократ често го користел како антисептик. Тоа се смета за еден од најдобрите природни антибиотици, а поради неговата сила помага во уништивање на многу бактерии.
Помага против бактериските инфекции
Многу истражувања ги потврдуваат неговите антибактериски својства, а тоа особено помага кај бактеријата ешерихија коли. Често го користат луѓе кои имаат проблеми со бактериите на ноктите.
Ги олеснува менструалните тегоби
Традиционално се користи против болни или нередовни менструации. Спаѓа во оние билни производи кои го стимулираат протокот на крвта и предизвикува контракција на матката. Токму поради тоа и не се препорачува за трудници.
Помага кај проблемите со варење
Без добро варење, нема добро здравје. Ова масло го стимулира варењето, а со тоа ги уништува гасовите и помага во регулирање на желудочната киселина.
Извор на есенцијални нутриенти
Содржи цинк, магнезиум, витамин Ц, Е, железо, калциум, манган, ниацин.
Штити од кардиоваскуларни болести
Благодарени на силните антиоксидативни својства, го штити срцето и крвните жили од штетите кои ги нанесуваат слободните радикали. Го намалува и лошиот холестерол и го спречува таложењето на масти во телото.