Одличен домашен лек за сува кашлица
Кашлицата е спазматична мускулна контракција, која го ослободува телото од слузта акумулирана во бронхиите и која може да биде заразна.
Затоа, кашлицата е помошник на кој треба да му се даде поддршка, пренесува uspesnazena.com.
Решението за овој проблем е во лекувањето со жалфија.
Зошто жалфијата помага во ублажување на кашлицата?
Високата ефикасност на ова растение се објаснува со содржината на вредни есенцијални масла во неговите лисја, кои имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство. Тие исто така содржат многу фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П и танини.
Народната медицина препорачува земање раствор од жалфија во млеко за сува кашлица.
Се верува дека таквиот пијалок ја омекнува сувата, упорна кашлица, ја раствора слузта, го стимулира нејзиното исфрлање и го олеснува искашлувањето. Има антисептично и антиинфламаторно дејство, придонесува за побрзо закрепнување.
Млеко со жалфија против кашлица – рецепт
Состојки
-250 мл млеко (по избор, може да биде од растително потекло)
-1 лажица чај од лист од жалфија
-1 лажичка путер
-1 лажичка мед
-Половина до 1 лажичка куркума
Подготовка
Во тенџере ставете 250 мл млеко, додадете 1 лажица чај од лист жалфија, па оставете да зоврие на тивок оган.
Штом млекото зоврие, веднаш тргнете го од шпоретот. Во оваа смеса додадете 1 лажичка путер, покријте и оставете да отстои околу 15 минути.
После тоа треба да се процеди течноста и да се додадат 1 лажичка мед и една кафена лажичка куркума (за деца – половина лажичка) и да се измеша.
Овој пијалок треба да се пие цел, половина час пред спиење. Мирна ноќ без напорна кашлица е загарантирана. Можете да го подготвувате неколку дена, додека не почувствувате олеснување и лесно искашлување на слуз од бронхиите.
Рецептот може да го користат и деца и возрасни.
Контраиндикации
Но, и покрај тоа што овој рецепт е многу ефикасен за проблеми со кашлицата, а и самите лекари одамна сугерираат дека жалфијата има одлично експекторантно дејство, треба да се следат одредени медицински препораки.
На пример, овој пијалок евентуално може да ја запре лактацијата, па затоа не се препорачува за доилки. Исто така, претпазливост за луѓето кои се склони кон бубрежни заболувања и низок крвен притисок.
извор:popara.mk
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.