Објавена фотографија од убиените деца во масакрот во Белград
Србија и целиот регион се уште се во шок поради масакрот на Коста Кецмановиќ 14 годишен седмоодделенец, кој застрела осум школски другари ученици, како и чувар кој работел како обезбедување во училиштето. Покрај убиените ранети се уште шест ученици и наставничка, од кое две деца се во критична сосојба.
Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Сите убиени деца се родени во периодот од 2009 до 2011 година. Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин, потврди Министерството за надворешни работи на Србија.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.