Нутриционистите велат дека овие три пијалоци се причина да се чуствувате истоштено
Постојат пијалоци кои можат да направат да се чувствувате згрчено и преуморно, како и да предизвикаат силни главоболки.
Ако сте сигурни дека не сте некој кој добива главоболка при секое менување на времето, а го имате речиси секој ден, проблемот можеби се крие во пијалокот што го консумирате. Главоболката може да биде предизвикана од различни нешта, од стрес, исхрана, дехидрација, до алергии и други појави.
Сепак, постојат пијалоци кои исто така ја создаваат, а кои нутриционистите не ги консумираат. Откриле кои се пијалоците:
Енергетски пијалоци
Според нутриционистката Синди Грин, многу енергетски пијалоци се полни со додадени шеќери, кофеин и адитиви за кои се смета дека ја зголемуваат енергијата.
„Иако таквите пијалоци може да ви дадат енергија за час или два, енергетскиот пад што следи може да доведе до главоболки и замор поради дехидрирачката природа на кофеинот и шеќерот“, објасни таа.
Пиво и вино
„Целиот алкохол поттикнува губење на вода и електролити“, истакнува нутриционистот, но како број еден непрепорачливи ги наведуваат пивото и виното во големи количини.