Невролози порачуваат: За здрав мозок консумирајте го ова овошје – спречува оштетување на мозочните клетки
Неврохирургот д-р Бетси Гранч тврди некои видови овошје го штитат мозокот и дека тоа се должи на фактот што изобилуваат со антиоксиданси.
„Овошјето богато со антиоксиданси може да биде добро за мозокот. Јадењето на овие плодови ги намалува слободните радикали и оксидативниот стрес на невронското ткиво, што може да ја подобри когнитивната функција“, вели таа.
Со неа се согласи и неврологот д-р Мил Етјен, кој истакна дека „овошјето може да спречи оштетување на мозочните клетки и е одличен извор на антиоксиданси кои помагаат да се спречат дегенеративни промени во мозокот“.
Освен антиоксиданси, овошјето содржи витамини, јаглехидрати и други хранливи материи кои не само што влијаат на здравјето на мозокот, туку и на целокупното здравје. За Parade, овие научници ги издвоија најдобрите видови овошје што можете да ги јадете за здравјето на мозокот.
Кое овошје да се јаде за здравјето на мозокот?
Како омилено овошје за здравјето на мозокот, д-р Етјен ги издвојува боровинките и грозјето.
„Двете се одлични извори на антиоксиданси кои штитат од дегенеративни промени во мозокот“, вели докторот.
Како и д-р Етјен, и д-р Гранч редовно ужива во боровинки, а и двајцата делат уште едно омилено овошје – бананите.
„Јадам барем една банана дневно“, истакнува неврохирургот и додава: „Покрај тоа што се добри за мозокот, бананите се и одлична храна за здравјето на цревата“, пренесува Парад.
Двајцата лекари се согласија дека јадењето цитрусно овошје е исто така корисно за здравјето на мозокот. Неврологот посочува дека портокалите и мандарините се богати со витамин Ц, кој ја поддржува меморијата и когнитивната функција. На нивната листа е и авокадото, за кое велат дека е исклучително корисно за здравјето на мозокот.
„Авокадото содржи здрави масти кои се важни за функцијата и развојот на мозокот. Тие можат да ги заштитат астроцитите, потпорните клетки во нашиот мозок“, тврди д-р Гранч.
Што препорачуваат лекарите?
Без оглед на тоа кое овошје ќе изберете да го јадете, д-р Етјен препорачува да се консумира целото овошје наместо сокот. На тој начин не ги пропуштате влакната кои се корисни за цревата и мозокот.
„Сокот има повеќе концентриран шеќер и често има додаден шеќер и калории, што го прави помалку здрав од вистинското овошје од кое е направен. Плус, поради концентратот, може да имате многу повисоки нивоа на шеќер во крвта и вкупен внес на калории“, објаснува тој.
Неговата препорака е секојдневно да се јаде овошје за здравјето на мозокот, но и за општото здравје. Тој особено им препорачува секојдневно консумирање на оние со постоечки здравствени проблеми како Паркинсонова болест, деменција, благо когнитивно оштетување или трауматска повреда на мозокот, пренесува Parade.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.