Неколку совети како да ослабнете по еден килограм неделно без проблем

Трошењето на 1.000 калории на ден ќе ви овозможи да ослабнете 1 килограм за 1 недела. Тоа е така бидејќи 3,500 калории одговараат на половина килограм телесна маса. Дневен дефицит од 1.000 калории ќе води кон бројка од 7.000 калории за една недела. Најдобар начин за да ја постигнете целта е да направите прилагодувања на исхраната и да почнете да вежбате.

Идеално би било доколку дневниот внес на калории го намалите на 1.200.

Чекор број 1

Водете сметка за внесените калории во текот на денот. Вклучете ги калориите од храната, но и од течностите. Намалете го бројот што ќе го добиете за 500 калории. На пример, ако внесувате 2.300 калории, тој број намалете го на 1.800. Идеално би било доколку го намалите на 1.200 калории дневно.

Чекор број 2

Поделете го бројот на калории со 6 и јадете исто толку оброци на ден. Ова ќе го држи вашиот апетит под контрола, а метаболизмот ќе работи со „полна пареа“. Комбинирајте протеини и комплексни јагленохидрати и одбирајте производи кои се богати со нутритиенти, како риба, овошје, зеленчук, мешункасто овошје, грав и семиња. Една банана со половина рака лешници е пример за оброк. Имајте го првиот оброк веднаш откако ќе станете, а наредните оброци земајте ги на секои 2 до 3 часа.

Чекор број 3

Изведувајте вежби по ваш избор со кои ќе согорувате по 500 калории на ден. Одберете вежба која ќе ја сакате и за која знаете дека секој ден можете да ја практикувате.

Вежбајте неколку пати на ден, ако е тоа можно. Ако сте навистина притиснати со времето, тогаш можете да вежбате на повеќе наврати, трошејќи помалку време, наместо сите вежби да ги направите наеднаш. Колку повеќе вежбате толку повеќе калории ќе согорувате.

извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.