Неколку природни начини да го намалите високиот притисок
Има неколку природни начини да си помогнете во борбата со вискокиот крвен притисок.
1. Намалете ги на минимум два вида намирници кои се отровни за повеќето луѓе, особено за оние кои имаат висок крвен притисок – шекер и брашно.
3. Совладајте ги емоциите. Врската помеѓу стресот и хипертензијата е одамна позната. Докажано е дека луѓето кои страдаат од срцеви заболувања можат да го намалат ризикот од срцев удар за повеќе од 70 проценти ако научат да се контролираат себеси и да избегнуваат стрес.
4. Лекувајте се со вежбање. Не е тајна дека редовната физичка активност е далеку подобар лек од било што може да понуди фармацевтската индустрија. Покрај тоа, добри се сите други ефекти кои со тоа се постигнуваат. Без оглед на тоа која е главната причина да започнете со вежбање, вашиот напор ќе биде награден со сигурно намалување на високиот крвен притисок.
5. Елиминирајте го или намалете го внесот на кофеин. Ако сакате засекогаш да го исфрлите кофеинот од својот живот, обидете се тоа да го направите постепено во текот на неколку дена или дури недели за да избегнете симптоми на апстиненција слични на главоболка.