Негувателка во градинка во Велес давала на децата да пробаат електронска цигарa
Негувателка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало, објави Телма.
Директорката на градинката го потврдила случјаот и кажала дека негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка.
„Информацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави Маја Велинова директорка на градинката.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.