Не ја фрлајте кората од ананасот, туку од неа направете чај

Консумирањето овошје и зеленчук од сите видови се поврзува со намалени ризици за развивање голем број болести. Многу студии покажуваат дека луѓето што консумираат ананас имаат помал ризик да се здебелат, да развијат дијабетес или срцеви болести. Исто така, ананасот дава одлични резултати во подобрување на изгледот на косата, дава енергија и помага во слабеењето.

Ананасот е многу вкусен, но исто така и благотворен за организмот. А дали знаете колку е здрава кората на ова јужно овошје? Богата е со антиоксиданти, го намалува ризикот од карцином, го штити срцето и крвните садови… Затоа, кога јадете ананас, не ја фрлајте кората, туку од неа направете чај. И тоа на многу едноставен начин.

Ставете ја кората во тенџере, додадете вода и варете околу 20 минути на тивок оган. Ако сметате дека чајот е премногу силен, разредете го со вода. Пијте го цел ден по малку, како сок. Исто така, може да го засладите со мед, но исто така можете да додадете малку лимон и други здрави состојки.

Инаку, ананасот делува и како деуретик, бидејќи го елиминира вишокот вода во телото, а ги чува коските од остеопороза. Затоа, треба често да го јадеме или пиеме како сок.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.