Научниците докажале дека коронавирусот предизвикува промени во крвните клетки
Зошто т.н. долготраен ковид трае толку долго и зошто некои кои имаат инфекција со коронавирус со месеци по инфекцијата, сепак имаат некои симптоми на болеста?
Според најновото истражување, долготрајниот ковид-19 може да се должи на фактот дека вирусот предизвикува значителни промени во крвните клетки што може да се забележат дури и неколку месеци по првичната дијагноза.
„Можевме да откриеме јасни и долготрајни промени во клетките; и за време на акутната инфекција и по нејзиното завршување“, рече биофизичарот Јохен Гак од институтот Макс Планк во Германија.
Гак и неговите колеги ја проучувале крвта на испитаниците користејќи софистициран систем RT-DC кој може да анализира стотици крвни клетки во секунда за да провери дали има некои невообичаени промени во големината и структурата на крвните клетки на испитаниците, пишува Science Alert.
Тие ја анализирале крвта на 55 луѓе: 17 пациенти со тешки симптоми на корона (од кои половина подоцна за жал починале), 14 пациенти кои ја прележале инфекцијата со коронавирус и 24 волонтери кои не биле заразени со ковид-19. Преку 4 милиони крвни клетки поминале низ системот RT-DC.
Резултатите покажале дека црвените крвни клетки (еритроцити) се доста различни кај болните од оние кај здрави субјекти и покажуваат знаци на нефлексибилност на физичката структура, што може да влијае на нивната способност да испорачуваат кислород.
„Физичките својства на еритроцитите се клучни за микроциркулаторниот проток и како такви, овие промени можат да ја ослабнат циркулацијата и да промовираат хипоксемија“, објаснуваат научниците.
“Овој синдром може да опстане кај пациенти со долгорочен ковид по завршувањето на активната инфекција. Кај оние кои го прележале ковидот и немале симптоми на болеста, промените во фенотипот не беа толку изразени, но сепак беа присутни”, додаваат тие.
Спротивно на тоа, лимфоцитите (белите крвни клетки) кај оние со тешки симптоми на ковид-19 биле помалку флексибилни, додека моноцитите (бели крвни клетки) биле значително поголеми отколку кај клетките на контролната група. Неутрофилите, друг вид на бели крвни клетки, имале бројни промени и повеќекратни деформитети кај пациентите со коронавирус.
Интересно, неутрофилите имаат многу краток век на траење; што трае само еден ден, но дека промените во неутрофилите кај пациенти со ковид сè уште може да се видат неколку месеци по инфекцијата; што укажува на тоа дека инфекцијата со коронавирус може да има траен ефект врз имунолошкиот систем.
„Додека некои од овие промени се вратија во нормалните вредности по хоспитализацијата, други опстојуваа со месеци по отпуштањето од болница, доказ за долгорочното влијание на ковида-19 врз нашето тело“, наведуваат научниците.
“Постојаните промени во еритроцитите и неутрофилите можат да бидат поврзани со долгорочни симптоми на ковид кај пациентите, од кои 70% имале хронична главоболка или невролошки симптоми, 54% нарушувања во концентрацијата и 62% проблеми со циркулацијата и тахикардија. Ние претпоставивме дека трајни промени во крвните клетките на нивните фенотипови може да придонесат за долгорочно оштетување на циркулацијата и испораката на кислород, што е поврзано со ковид “, додаваат експертите.
Студија наречена Physical phenotype of blood cells is altered in COVID-19 е објавена во Biophysical Journal.