Најкористениот лек против болки на светот го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за 20 отсто

Лицата со висок крвен притисок кои земаат парацетамол би можеле да имаат зголемен ризик од срцев и мозочен удар, покажува новата студија.

Парацетамолот е еден од најпопуларните лекови против болки на светот, а некои од неговите несакани ефекти можеби не се добро познати. Научниците од универзитетот во Единбург неодамна откриле дека луѓето кои имаат висок крвен притисок и го користат овој лек подолго време се изложени на ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Ваквата информација доаѓа од првото големо клиничко испитување за да се утврди какви негативни ефекти може да предизвика долготрајната употреба на парацетамол.

Луѓето кои патат од хронични болки добиваат долгорочни рецепти за лекови против болки. Овој лек е всушност најкористениот лек на светот, но сега научниците велат дека пациентите треба да се одлучат за најниската ефективна доза на парацетамол за најкратко време.

Постои причина зошто парацетамолот е толку популарен – пред сè генеричката верзија е всушност прилично евтина и нема толку несакани нуспојави. Обично се смета за побезбедна алтернатива на нестероидните антивоспалителни лекови за кои се знае дека го зголемуваат крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања.

Во новото испитување, на 110 учесници со висок крвен притисок им бил препишан по 1 грам парацетамол или плацебо 4 пати дневно. Оваа доза на лек против болки е во согласност со она што рутински им се препишува на пациенти со хронични болки.

Научниците забележале значително зголемување на крвниот притисок кај пациентите на кои им бил даван парацетамол, а ефектот бил сличен со оној забележан во клиничките испитувања на нестероидни антивоспалителни лекови.

Анализите покажале дека парацетамолот може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар за околу 20 отсто, пренесува „Technology“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.