Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Зеленчукот е богат со витамини и минерали, а содржи и многу влакна кои ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити и ќе ви помогнат при запек. Дополнително, важно е да се истакне дека во споредба со другите намирници, тие се нискокалорични, поради што помагаат и при слабеење.

Пред во вашата исхрана да ги додадете видовите зеленчук од листава, важно е да знаете дека секој вид зеленчук е пожелен во вашата секојдневна исхрана и дека можете да го зголемите внесот.

Имајќи го сето тоа на ум, еве шест од најдобрите зеленчуци кои треба да ги додадете во вашата чинија кога вашата главна цел е да изгубите тежина.

Спанаќ

Кога се обидувате да изгубите тежина, барајте зеленчук во кој можете да уживате на различни начини. Спанаќот има поблаг вкус и може да се комбинира во различни оброци. Покрај тоа, тој е многу хранлив, со само 23 калории на 100 грама.

Брокула

Брокулата е одличен избор за слабеење бидејќи додава волумен на оброците, што значи дека ќе бидете посити порано и подолго. Во чорбите можете да додадете брокула, а одлично оди со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама.

Прокељ

Иако прокељот не е меѓу омилените видови зеленчук, доколку се зготви правилно може да бидат вкусен додаток на различни јадења. Содржи 43 калории и околу 4 грама влакна на 100 грама.

Карфиол

Поради својот вкус, карфиолот е сè попопуларен во здравата исхрана. Од неодамна се користи како замена за база на пица, а може да се најде како состојка во некои колачи. Има само 25 калории на 100 грама.

Грашок

Грашокот најчесто ќе го најдеме во разни чорби или супи, а можете да го додавате во разни оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а покрај тоа има и повеќе од 5 грама растителни протеини кои се корисни за варењето. Протеините се корисни за слабеење бидејќи ви помагаат да се чувствувате сити, бараат повеќе енергија за метаболизмот и ги зголемуваат хормоните за ситост.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.