На Сардинија се раѓаат најмалку бебиња во светот

Жените во Италија, во просек, раѓаат сѐ помалку деца, а оние во Сардинија го имаат и негативниот светски рекорд. На овој остров, имено, се раѓаат просечно 5,2 бебиња на илјада жители – што во оваа смисла, е најмал број во целиот свет.

– Културолошки гледано, жените на Сардинија, поради миразот, во брак стапувале на поголема возраст во однос на останатиот дел од земјата. Денеска веќе не е така, но последиците се чувствуваат, објаснува Марко Ѕуру, професор по социологија на Универзитетот на Каљари.

Просечниот број родени бебиња на Сардинија е 0,99 деца по мајка, а од година во година таа бројка само се намалува. На национално ниво таа изнесува 1,25 новороденчиња.

– За да влезеш на пазарот на трудот и да изградиш кариера, мора да бидеш пообразован и да имаш голем број достигнувања и дипломи, што неминовно влијае на откажување од основањето семејство, додава професор Ѕуру.

Тој истакна и дека економските мотиви и политиката, исто така, влијаат на намалувањето на бројот родени деца.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.