МЗ: Нов директор на Инфективна, продолжени мандатите на ГАК и Клиниката за психијатрија

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во 3 јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.

На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.