Можат ли чили пиперчињата да помогнат во слабеење?

Истражувачите ширум светот знаат дека капсицинот, биоактивна состојка поради која чили пиперчињата се толку лути, може да го забрза вашиот метаболизам и да ви помогне побрзо да се заситите. Но едно неодамнешно истражување спроведено во американскиот колеџ УЦЛА сугерира дека оваа состојка, која можеме да ја најдеме и во обичните пиперки исто така може да помогне во губењето на несаканите килограми.

Во мала студија претставена на еден самит под назив „Експериментална биологија“, а кој се одржа во сончевата Калифорнија, учествуваа 34 испитаници кои конзумирале нискокалорични пијалаци во текот на 28 дена. Половина од нив со оброците земале и додаток кој содржи “блага“ верзија капсицин, додека другите добивале плацебо таблети. Истражувачите откриле дека групата која добивала капсицин трошеле два пати повеќе енергија од групата која добивале плацебо таблети, а тие ефекти биле видливи и до неколку часа по конзумирање на оброкот.


Иако има многу докази дека лутите пиперчиња можат да го забрзаат вашиот метаболизам и да помогнат да се чувствувате сито, ова ново научно истражување им дава надеж на луѓето кои не се големи љубители на лута храна. Авторите на студијата предупредуваат дека ефектите на забрзан метаболизам можат да бидат ограничени и кај луѓето со прекумерна телесна тежина. Исто така, истржаувањето не вклучило ни луѓе кои конзумирале “нормална“ храна, туку се сконцентрирале на течни оброци, кои ги јаделе секој ден.
Иако неспорно е дека треба да се направат многу истражувања за да се потврдат ефектите кои ги имаат обичните пиперки на губењето килограми, вклучувањето на овој зеленчук во исхраната никако не може да наштети. Пиперките содржат многи малку калории, и се свеж продукт кој ќе ви помогне да се храните здраво, а тоа (сè уште) е единствен начин за успешна борба со килограмите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.