Лековитите својства на сокот од целер

Свежиот сок од целер е вистинки бенефит за организмот. Тој е алкализирачки пијалак богат со ензими кои ја подобруваат работата црниот дроб, го балансираат нивото на шеќер во крвта и имаат антисептични и антиинфламаторни својства.

Лековити својства на сокот од целер

Свежиот сок од целер го чисти протокот на крв, помага во варењето на храната, спречува мигрена, ги релаксира нервите, го намалува крвниот притисок и ги елиминира проблемите со кожата.

Сокот од целер е навистина одличен пијалок. Во него редовно уживаат и Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

• Пијте најмногу 500 мл сок од целер на празен стомак секое утро, без да додавате други состојки.

• Сокот од целер е лековит, а и нискокалоричен пијалак. Имајте предвид дека не е замена за појадок, но пред да изедете нешто, почекајте барем 15 минути.

• Ако 500 мл ви е премногу, започнете со помалку и продолжете постепено да ја зголемувате количината.

• Ако сметате дека вкусот на целерот е премногу интензивен, можете да додадете една краставица или јаболко. Ова е одлична опција за почетници.

Откако ќе се навикнете на вкусот, продолжете да го зголемувате процентот на целер во сокот.

Како да подготвите сок од целер?

Исплакнете го целерот (еден врзоп) и само исцедете во соковник или процесор за храна. Пијте веднаш за максимална корист, бидејќи со секоја помината минута сокот оксидира

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.