Комисијата за заразни болести со препорака за задолжителното носење на маски во здравствените установи

Д-р Злате Мехмедовиќ портпаролот на Комисијата за заразни болести денеска информираше дека на состанокот на која се дискутирало за состојбата со коронавирус, била донесена една препорака – задолжително носење на маските во здравствените установи.

„Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох“, изјави д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција за новинарите.

Ова следува после појавата на подваријантата на коронавирусот, Ерис во околните земји, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

Препораката ќе се достави до Министерството за здравство и министерот Меџити.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.