Комисијата утре ќе одлучува за маските на отворено и полицискиот час
Дали од први јуни ќе биде укинат полицискиот час и задолжителното носење на маски на отворено ќе одлучува утре Комисијата за заразни болести. Заменик министерот за здравство Илир Хасани кој е член на Комисијата вели дека неговиот став е маските на отворено да бидат прва точка утре и оваа законска обврска повеќе да не важи односно од први граѓаните надвор да шетаат без маски.
Хасани вели дека тоа го дозволува и актуелната епидемиолошка состојба со драстично намалениот број на хоспитализирани и новозаразени.