Кога треба да ја смените четката за заби?

Посилното и подолго четкање на забите не е гаранција за нивното здравје. Освен тоа, многумина користат четка дури и кога треба да ја фрлат.

Правилното и редовно миење на забите е најголемата гаранција за оралното здравје. Но, ако четката што ја користите не е соодветна поради одредени причини, може значително да ги намали придобивките од миењето.

Иако ги миете забите најмалку две минути и после секој оброк, доколку не се грижите за четката, сите ваши напори може да паднат во вода. Четкањето на забите ни овозможува да ги отстраниме остатоците од храна, бактерии, наслаги и сѐ што може да доведе до кариес.

Првото нешто на што треба да обрнете внимание со четката за заби се влакненцата. Кога ќе забележите дека ја изгубиле својата вкочанетост или боја, тоа е првиот показател дека треба да ја фрлите четката. Друг важен фактор за истрошеноста на четката е акумулацојата на паста помеѓу влакната – ова е знак дека на вашата четка има голем број бактерии.

Ако влакната паѓаат и брзо се истрошуваат, тоа е уште еден показател дека треба да ја фрлите в ѓубре. Стоматолозите проценуваат дека треба да користите една четка во просек 3 месеци.

Понекогаш при четкање ги триеме забите посилно и подолго бидејќи веруваме дека така ќе бидат почисти. Но, има уште една грешка. Ова може да ја оштети забната глеѓ и да предизвика иритација на непцата. Проблемот се влошува доколку четката избледела или ја променила формата и вкочанетоста.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.